Претпладне сонце а попладне дожд!

Објавено на 5 јули, 2013 во 06:36

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи и тоа главно околу планинските предели. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје слично време, попладне со услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

И во деновите од викендот во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.