НСДП и СДСМ бараат Власта да го запре проектот за нова зграда во Центар

Објавено на 6 август, 2013 во 14:48

НСДП остро реагира на уништувањето на зеленилото во Општина Центар и се противи на постапки кои не ги одобруваат граѓаните. Партијата денеска предложи владата да го стопира проектот за изграда на објектот на Советот за радиодифузија, а општина Центар да организира референдум на кој што граѓаните ќе се изјаснат дали се за зграда или за зеленило.

„Со оглед на тоа што зеленилото се уништува за да се изгради државен објект, Нова социјалдемократска партија – НСДП ја повикува Владата на РМ да го одложи извршувањето на проектот, а со тоа на Општина Центар да и се остави време да организира референдум на кој граѓаните на Центар јасно ќе ја изразат својата волја и ќе го направат својот избор на еден демократски начин. Референдумот е најдемократскиот начин граѓаните да се изјаснат дали сакаат зеленило или барокни згради во нивното место на живеење“, велат од НСДП.

Реагира и СДСМ и бара одговор од власта зошто ако беше убедена дека исправно постапува, тајно  донесе моторни пили, среде ноќ со полициско обезбедување.

„Освен што не се почитува определбата на жителите на Центар кои гласаа против политиките на оваа власт, во акцијата беа отстранети граѓани со влечење, по истиот принцип како во собраниските инциденти на 24 декември.Затоа Груевски треба да излезе и да каже пред македонската јавност, дали на вакво пресметување со неистомислениците мислеше кога на Мечкин камен предупреди дека секој обид за оспорување на нивните политики, ќе бил пресретнат.Дополнително, дрвјата се исечени во отсуство и на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во чиј ингеренции е давањето дозвола. Бараме надлежните органи да го покажат документот, со чиј потпис е соголен паркот кај Бристол“, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.