Намелени квотите за одредени факултети

Објавено на 14 август, 2013 во 18:45

Министерот за образование, Спиро Ристовски денеска соопшти дека се намалени квотите за  одредени факултети од општествените науки за раст на економијата и намалување на невработеноста.

Тој нагласи дека ваквата одлука била  донесена поради нивната суфицитарност и за да не се натрупува кадар кој не ќе може да најде работа по дипломирањето.

 

„ Тоа го диктира пазарот на трудот. Врз основа на анализите со кои расплага МОН, а се од податоците на Агенцијата за вработување и на Државниот завод за статистика, во Република Македонија има реален суфицит на кадар кој завршува на факултетите од областа на општествените науки, додека сериозен е дефицитот на кадар од техничките факултети. Потребите на пазарот на трудот говорат дека студентите кои завршуваат на техничките факултети многу побрзо и многу посигурно ќе обезбедат работно место  и затоа Министерството предложи, а Владата усвои, намалување на дел од квотите од општествените науки, а зголемување на квотите на техничките факултети“, истакна Ристовски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.