Намелени квотите за одредени факултети
Министерот за образование, Спиро Ристовски денеска соопшти дека се намалени квотите за одредени факултети од општествените науки за раст на економијата и намалување на невработеноста.
Тој нагласи дека ваквата одлука била донесена поради нивната суфицитарност и за да не се натрупува кадар кој не ќе може да најде работа по дипломирањето.
„ Тоа го диктира пазарот на трудот. Врз основа на анализите со кои расплага МОН, а се од податоците на Агенцијата за вработување и на Државниот завод за статистика, во Република Македонија има реален суфицит на кадар кој завршува на факултетите од областа на општествените науки, додека сериозен е дефицитот на кадар од техничките факултети. Потребите на пазарот на трудот говорат дека студентите кои завршуваат на техничките факултети многу побрзо и многу посигурно ќе обезбедат работно место и затоа Министерството предложи, а Владата усвои, намалување на дел од квотите од општествените науки, а зголемување на квотите на техничките факултети“, истакна Ристовски.