ВМРО-ДПМНЕ без согласност за правните квалификации за извештајот
Објавено на 28 август, 2013 во 13:57
ВМРО-ДПМНЕ се оградила од правните квалификации во извештајот на комисијата за црниот 24 декември. Како доказ приложува и копија од оригиналниот извештај каде се гледа дека пратениците Илија Димовски и Благородна Дулиќ, двајцата членови од ВМРО-ДПМНЕ во комисијата на писмено се оградуваат од дел од документот, пишува А1он.мк
На последната страна од извештајот, каде што стојат потписите на членовите на комисијата може да се види дека резервата е изразена во писмена форма и е составен дел од него. Под потписот, на Димовски и Дулиќ со нивен ракопис тие додале дека потписот е „без согласност за правните квалификации“.
Изовр: А1он.мк
