Денеска не очекува сончево време
Објавено на 5 септември, 2013 во 07:00
По свежото утро, во земјава во текот на денот ќе биде сончево и топло.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 32°C. УВ индекс 6.
Во Скопје по свежото утро, во текот на денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 11°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. УВ индекс 6.
