Жерновски: „Во Македонија има полициски час и владее тоталитарен режим“
Објавено на 12 септември, 2013 во 11:35
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска оцени дека со синоќешната полициска акција кај паркот кај Бристол, уште еднаш се докажало дека во Македонија има полициски час, и владее тоталитарен режим.
Според Жерновски, на синоќешниот настан во кој беа уапсени Паркобранителите, имало 200 припадници на специјалните сили за 10 лица, за што истакна дека власта уште еднаш го прави истото кога во утринските часови се носеше и ДУП-от кој го овозможи уништувањето на зеленилото и никнувањето на барокна зграда, и во исто време кога се сечеа дрвјата позади Бристол.
