Претпладне сонце, попладне дожд!

Објавено на 17 септември, 2013 во 06:12

Денеска  ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне нестабилно со локални врнежи од дожд во крајните западни, северозападни и североисточни предели, кои во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират на целата територија.

Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер, кој во западните предели ќе биде засилен и ќе дува со брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 30°C.

 

Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.