Радио Слободна Европа: „Шпион“ – Политика, бизнис и порно ленти
За момент, почитувани, заборавете, на неплатените сметки, на тоа дека сте без работа или дека стравувате оти ке ја изгубите работа и така натаму… Седнете пред ТВ или компјутер и забавувајте се? А оние работи како пресумција на невиноста, одамна некому ништо не му значат. Важни се ефектите, драматиката, сензационализмот, велат експертите
Осомничените од Шпион оддавале тајни на соседна држава, уценувале познати бизнисмени, кај еден од нив е пронајдена богата збирка на порнографски содржини и што ли уште не. Првата шпионска афера во државава ги задоволува вкусовите на сите љубопитни и за оние кои се по политиката и за оние кои се по бизнисот, а богами и за оние кои се по сексот. Па се објавуваат видеа од апсењата како на филм, се објавуваат слики на кои има сè, од семејни фотографии, до икони, сметки за вода, лекови.
Првин практиката на драматични, „спектакуларни“ апсења, во некакви чудни времиња, пред членови на семејство, пред ТВ камери, обелоденување на имињата на осомничените, за кои, да потсетам, ја имаат презумпцијата на невиност сè додека не биде докажана нивната вина, сето тоа покажува еден континуитет, една практика која верувам дека се прави со желба кај јавноста да се остави силен ефект.
Искуството од дејствувањето на МВР покажува дека од секое кривично дело, од секој случај од кој се сака да се направи некаква драма, некаква приказна, се оди на големи ѕвона, вели професор Билјана Ванковска.
Целиот текст прочитајте го на сајтот на Радио Слободна Европа
