Голем број уапсени во денешната полициска акција
Македонската полиција во соработка со германската, утринава спроведе голема полициска акција во која уапсени се голем број на лица. Апсења и претреси во Македонија се вршеа во Скопје, Штип, Велес, Битола, Свети Николе, Струга и Куманово, а во Германија во Франфурт.
Постои сомневање за инволвираност во шверц со дрога за над 50 лица. Шеснаесет од нив живеат во Македонија, а приведени се 12. Едно од лицата е веќе во затвор, а по три македонската полиција се уште трага.
Во Германија, поточно Франкфурт, уапсени се над 35 лица за кои досега има потврда дека 19 се македонски државјани. Лицата биле опсервирани подолг временски период, а истите покрај шверц со дрога се сомничат и за „перење“ на нелегално стекнатите пари преку македонски фирми.
Криминалните групи најчесто работеле со хероин, но и со останата дрога. Во тек се претреси, како и дополнителни проверки во фирмите поради сомневањата за „перење“ пари.
Во Македонија апсења и претреси се вршени Во сите досегашни акции во рамки на „диригент“, односно „Франкфуртската мафија“, уапсени се околу 400 лица.
Нови детали за оваа акција Министерството за внатрешни работи ќе соопшти во текот на утрешниот ден, по завршување на акцијата.
