Почувствувани, два земјотреси, во Пехчево и Берово
Објавено на 20 септември, 2013 во 09:49
Изутринава, околу 6 часот, биле регистрирани двата земјотреси со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала во Пехчево, Берово и околината.
Земјотресите, со епицентар од пехчевското епицентрално подрачје, се регистрирани во 06:23 минути и во 06:45 минути од страна на апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово.
