Претпладне дожд, попладне разведрување
Објавено на 1 октомври, 2013 во 07:35
И денеска не очекува облачно време со врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, постепено ќе се разведрува во источните и југоисточните предели.
Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Утринските температури од 8°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 14°C до 23°C.
Во Скопје претпладне ќе биде облачно со слаби врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престанат. Умерен северозападен ветер. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна до 19°C.
