Умерено облачно со сончеви периоди
Објавено на 2 октомври, 2013 во 08:31
Времето денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат 4°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 13°C до 24°C.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 10°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 18°C.
