Притворен шефот на кабинетот на Рафиз Алити
Објавено на 3 октомври, 2013 во 20:43
Истражен судија му одреди триесет дневен притвор на шефот на кабинетот на директорот на „Македонски Пошти“, Рафиз Алити.
Тој беше уапсен вчера под сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност по големиот пожар во седиштето на Поштата, во јануари годинава. Обвинителството издало барање за апсење.
Во дополнителни вештачења ќе се утврдува штетата што ја предизвикал пожарот во зградата на Македонски пошти. Објектот не беше осигурен. Во пожарот настрада и импозантниот мурал на Борко Лазевски.
Директорот на поштата, Рафиз Алити вчера за апсењето изјави дека било политички мотивирано.
