Ховит: Правам се Македонија да ги почне преговорите со ЕУ
Британскиот пратеник во Европскиот парламент, Ричард Ховит, како известувач од законодавниот дом на Европска унија за Република Македонија веќе ја подготвува следната предлог-Резолуција за нашата земја и најавува дека тоа ќе се случи далеку порано од годинешната. Во изјава за дописникот на МИА од Брисел, Ховит потврдува дека при крајот на овој месец ќе пристигне во Скопје на средба со македонските власти, претставници на политички партии, невладини организации и медиуми, со цел да ја добие вистинската слика во подготовката на следната Резолуција.
– Правам сè што можам оти дефинитивно сакам Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Мојот, но и интерес на ЕУ и на самата земја е тие преговори да почнат – рече Ховит.
Британскиот член на Европарламентот очекува да ги види резултатите од спроведувањето на залучоците и препораките на ад-хок, како и други чекори што се превземени во рамки на македонската евроинтеграција. Токму затоа, пред крајот на месецов тој најавува пристигнување во Македонија за да види како се одвиваат работите на терен.
