Преку ден сончево и потопло
Објавено на 5 октомври, 2013 во 09:00
Во Македонија по студеното и магловито утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -5°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11°C односно до 21°C.
Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 0°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 17°C.
