По вторпат, акцијата „Македонија без отпад“
Објавено на 5 октомври, 2013 во 17:53
Вторпат во земјава се спроведе акцијата „Македонија без отпад 2013“. Во над 70 општини се поткаструваа дрвја, се расчистуваа депонии и се исфрлаше отпад. Градските власти повикаа на поголема култура од граѓаните и институциите.
Казни за градоначалниците и институциите кои нема да усвојат годишни планови за управување со отпадот, најави министерот за животна средина Абдулаким Адеми. Според него акциите за чистење треба да продолжат во текот на целата година.
