Црвенковски без став за предвиденото апсење
Бранко Црвенковски нема коментар за најавата дека е можно да биде уапсен на почетокот на ноември, во продолжение на акцијата „Шпион“ – теза што вчера ја пласираше аналитичарот Сашо Ордановски, пренесува 24 Вести.
Од кабинетот на Црвенковски, за 24 Вести, кратко одговориле дека тој нема никаков став по ова прашање.
Ордановски од своја страна и понатаму е уверен дека токму лисиците за Црвенковски ќе бидат капиталецот кој му е потребен на Груевски пред се по извесните предвремени избори на пролет.
Во прилог на својата теза, аналитичарот го наведува подокот дека теренот за една таква операција е веќе подготвен со информациите дека „некој поранешен политичар“ е вмешан во аферата „Шпион“, и обидот преку агресивна медиумска кампања да се претстави дека новото раководство на СДСМ е само пролджена рака на главниот во опозицијата – Црвенковски.
