Фановите, синоќа му направија „Ѕвездено небо на Тоше“

Објавено на 7 октомври, 2013 во 10:27

По петти пат, синоќа, на градскиот плоштад во Скопје со „ѕвезденото небо на Тоше“  фановите и почитувачите на ликот и делото на македонската музичка икона покажаа колку им недостига пејачот, човекот, хуманитарецот и прерано загинатиот Тоше Проески. Искажувајќи почит кон Тоше, фановите се потсетија на неговите дела и на неговата музика.

„Сакаме да му ја исполниме желбата, секоја година да не има се повеќе на негов концерт.

Судбината не ни го овозможи тоа. Затоа со мал пламен правиме ѕвездено небо, кое се надеваме дека го гледа од таму, горе,“ соопшти фан-клубот на Тоше.

Ѕвезденото небо се одржува секоја година на 5 октомври во сеќавање на последниот концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, одржан на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје.

Годинава, манифестацијата „ Ѕвезденото небо на Тоше“ се одржа ден подоцна поради тоа што на 5 октомври, во центарот на Скопје се одржа манифестацијата „Бела ноќ“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.