Министерот Адеми на Самитот за води во Будимпешта

Објавено на 8 октомври, 2013 во 10:06

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, од денеска до 11-ти овој месец ќе учествува на Самитот за води, во Будимпешта, Унгарија.

Смитот е организиран од унгарската влада, во соработка со системот на Обединетите нации и Светскиот совет за води, и е еден од најголемите настани на годината поврзани со водите и нивното пречистување.

Цел на Самитот за води во Будимпешта е да се сумираат различните случувања во рамки на системот на ОН и надвор од него во поглед на подготовката на целите поврзани со водите за развојната агенда по Рио + 20.

Во текот на овие четири дена, владите (од развиените земји и од земјите во развој), меѓународните организации, финансиските институции, компаниите и граѓанското општество и науката ќе се соберат во Будимпешта со цел да дискутираат за најсериозните предизвици на водите и нивното пречистување.

Како составен дел на Самитот ќе биде организирана и изложба за води и пречистување, која ќе се фокусира на чисти, иновативни и достапни решенија на полето на водите и пречистувањето.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.