Нови половина милион евра за владини реклами

Објавено на 7 август, 2014 во 07:22

Три компании за половина милион евра треба да и изработат на владата нова рекламна кампања, преку која ќе ги подучува граѓаните за корисноста на здравата храна.

Владата нарачала нутриционистичка маркетинг кампања, со цел да ги убеди граѓаните да ја избегнуваат брзата храна и храната со несоодветен квалитет. Кампањата чини над 30 милиони денари или точно 494.300 евра.

За овие потреби ангажирани се дури три компании – едната да го смисли идејното решение на кампањата на електронските медиуми, втората за решението за знак, лого, билборди и автобуси, плакати, додека третата да закупи медиумски простор. Агенцијата Њу момент њу идеас, само услугите за закупорт на просторот и изработка на медиа план ќе ги наплати близу половина од парите за кампањата или над 230.000 евра.

Владата за период од 12 месеци за кампањи потрошила близу 4милиони евра. Со кампањи ја подигаше свесноста на граѓаните за учеството во сообраќајот, потоа ги рекламирање реформите во јавната админитрација, па реформите во здравството и образованието, како и во земјоделството.

Меѓународните организации во своите извештаи реагираа на контролата што владата ја врши врз медиумите со организирање на медиски кампањи, кои ги пласира во медиумите кои потоа известуваат во прилог на владините политики, јави Радио Канал 77.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.