Сообраќајот се одвива по суви коловози
Поради топлотниот бран во Македонија, АМСМ препорачува да се одбегнува патување во периодот од 10 до 17 часот, кога температурите се највисоки. За повеќе информации, прочитајте ги нашите совети за возење при високи температури.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Исто тка се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон сите места на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините
