Двојно убиство во Охрид
Објавено на 22 август, 2014 во 07:29
Две лица доцна синоќа биле убиени во Охрид во ресоторанот Император. Според првичните информации од очевидци двајца напаѓачи влегле во ресторанот и ги убиле двете лица.
Меѓу убиените бил и сопственикот на ресторанот. Неофицијално тој е на возраст од 58 години.
Полицијата веднаш излезе на лице место за да изврши увид.
Ова е второ вакво двојно убиство во регионот кога пред само неколку дена во струшко Вевчани во ресторан среде село беа застрелани две лица, кои починале на лице место.Повеќе детали за убиството се очекуваат од полицијата.
Убиството се случили 30 минути по полноќ. Напаѓачот е во бегство и од полицијата велат дека по него се трага.
Фото: А1.он.
