Внимателно возете, се поправаат повеќе патни правци

Објавено на 26 август, 2014 во 06:56

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од З.П. Кула до тунелот Катланово) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорачуваме внимателно управување со возилата.

 

На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево сe завршени асфалтерските работи и сообраќајот е целосно нормализиран .

Во склоп на реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ до 18.08.2014 до 22.08.2014 и од 25.08.2014 до 29.08.2014 , ќе се изведуваат инженерско-геотехнички работи на делницата од с.Горно Оризари до клучката Бразда-Мирковци.

На 23.05.2014 год. започнa изведба на градежни работи „Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково“ Фаза 2 : од депонијата Велес до с.Лозово. 

Патен правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите. 

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.