Работилница за поголема безбедност на спортски натпревари

Објавено на 26 август, 2014 во 07:02

Работилница посветена на организацијата на спортските настани во контекст на сузбивањето на насилството, безбедноста и присуството на навивачки групи ќе се одржи денеска во Фудбалската федерација на Македонија на која ќе учествува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На работилницата ќе учествуваат и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков, началникот на СВР Скопје Горанчо Савовски, првите луѓе на фудбалските клубови Вардар, Шкендија, Пелистер и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.