Тепачка во македонското Собрание
Додека пратеникот од ДУИ Талат Џафери зборуваше на говорницата на Комисијата за финасирање и буџет, неговиот колега Орхан Ибраими од ДПА, фрли пенкало кон Џафери, јави Радио Канал 77.
Тогаш настана физичка пресметка меѓу Џафери и Ибрахими со размена на тупаници, по што беше повикано обезбедувањето. Претседателот на Комисијата ја прекина работата на седницата.
На тепачката и се приклучија сите, по што обезбедувањето реагираше и ги раздвои. Еден од пратениците побарал и лекарска помош кај лекарот во собраниската зграда.
Денеска на Комисијата за финансирање и буџет се разгледуваа амандманите по предлогот кои ги има поднесено пратеничката група на ДПА.
Седницата ја водеше Крсте Мукоски од ВМРО -ДПМНЕ, а како претставник на Министерството за финансии беше присутен заменик-министерот Ардијан Џеладини.
