Какво време не очекува во текот на денот?
Објавено на 4 септември, 2014 во 05:23
Во утринските часови ќе има појава на магла. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен североисточен и источен ветер.
Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 19°C до 27°C.
Во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта понекаде ќе има појава на магла.
