Филмот „До балчак“ ќе се трка за Оскар
Објавено на 19 септември, 2014 во 07:40
Македонскиот игран филм „До балчак“ на режисерот Столе Попов ќе ја претставува Македонија во трката за највисоката награда за филм Оскар од неанглиско подрачје, јави Радио Слободна Европа.
Одлуката со мнозинство гласови ја донесе комисија во состав Роберт Насков, продуцент воедно и претседател на комисијата, Вардан Тозија-режисер, Горан Игњатовски-артист, Иван Бартлинг-сценограф и Димитар Попов-кинематографер.
Македонскиот игран филм „До балчак“ неодамна имаше светска премиера што се одржа на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што завршува вечер.
