СОНК се жали на притисоци но не отстапува од штрајкот во понеделник

Објавено на 26 септември, 2014 во 16:17

На три дена пред најавениот генерален штрајк во образованието, науката и културата се зголемуваат заканите и притисоците – тврдат од СОНК за 24 Вести. Според првиот синдикалец Јаким Неделков покрај усните закани се барале и потпишани изјави од наставниот кадар дека нема да штрајкуваат.

Од друга страна министерот за образование и наука Адеми вели дека настава ќе се одржи и покрај најавениот штрајк. Според него општините треба да најдат начин да го спроведат новото законско решение за замена на наставниците и професорите, а родителите треба задолжително да ги пуштат  децата во училиште. Во спротивно, ако ја оневозможат наставата ќе се соочат со парични казни.

Дел од градоначалниците кои ги контактираше 24 вести не сакале да коментираат дали обезбедиле замена на наставниот кадар со нов за одржување на наставата за време на штрајк.

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска уште еднаш го изрази незадоволството  од најавениот штрајк обвинувајќи дека раковоството на СОНК ги заобиколува правните механизми и внесува конфузија кај наставниците и родителите.

Од друга страна иако СОНК дома ја изгуби подршката од колегите од Конфедерацијата, доби подршка од американскиот синдикат за образование според кој новите законски измени во образованието ги кршат меѓународните конвенции за работнички и човекови права.

Тие потенцираат дека повеќе од дваесет години  Македонија е потписник на меѓународните конвенции а власта не смее да ја заобиколи оваа обврска кон нејзините граѓани. Американскиот синдикат бара отповикување на новите законски мерки и решавање на проблемите со фер преговори и меѓусебен социјален дијалог.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.