Во потрагата по Дениса Марковска се вклучи Интерпол

Објавено на 26 септември, 2014 во 16:28

Меѓународната криминалистичка полициска организација – Интерпол се вклучи во потрагата по младата Македонка Дениса Маркоска, која мистериозно исчезна од брод за крстарење во близина на Крит.

Во објавата се наведени основните податоци за 23-годишната Дениса, која исчезна на 12 септември, во морето меѓу Карпатос и Крит.

Сите што имаат некакви податоци за неа, се замолуваат да ја контактираат локалната полиција или директно Генералниот секретаријат на Интерпол.

Истрагата за тоа што се случило со прилепчанката која две години работела на бродот за крстарење се уште трае, а семејството се надева на некакви податоци кои можат да ја расветлат нејзината судбина.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.