Експертите бараат да се укине платеното политичко рекламирање

Објавено на 2 октомври, 2014 во 08:11

Да се укине платеното политичко рекламирање и државното огласување во медиумите, а радијата и телевизиите да ги објавуваат поединечните извори на рекламирање, се препорачува во извештајот од истражувањето на Македонскиот институт за медиуми насловено „Зошто е важен интегритетот на медиумите“,јави 24 Вести.

Станува збор за регионално истражување на состојбите во југоисточна Европа со кое е констатирано дека рекламирањето е најефикасниот механизам за одржување на сервилноста на медиумите.

За состојбите во Македонија во истражувањето се констатира парадокс.

Послушноста на новинарите, според авторите на извештајот, се одржува со несигурни работни места и ниски примања.

Меѓу другото, истражувањето препорачува редовно да се објавуваат податоци за сопственоста на медиумите и да има независно следење на нивните финансии.

Се додава и дека дека без структурни трансформации во политичкиот систем, не може да се очекуваат значителни промени во медиумскиот систем.

.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.