Волк уништи стадо овци
Џабир Даути жител на струшкото село Делогожда пред два дена затекнал распарчени овци пред својата штала.
Цело стадо овци му го уништил волк кој се симнал од планината во подножјето на Струга. Направената штета сопственикот ја проценува на повеќе од 2000 евра. Даути раскажува дека се спасиле само неколку овци од стадото.
– Од оние кои се спасија три овци се вратија во шталата, додека пет се уште неможеме да ги најдиме каде имаат избегано.Настанот се случи во петокот вечерта. Ова е прв пат кај мене да има ваков случај, вели Џабир.
Даути вели дека неколку волци биле симнати во ниските предели на струшко и оти постои опасност тие повторно да не се вратат назад.
– Волците кога прават штета, на истото место се враќаат после еден месец, вели тој.
Шталата на стружанецот Џабир се наоѓала на патот за Ќафасан на само пет-шест километри одалеченост од Струга. Тој вели дека штетата ја пријавил кај надлежните институции кои му побарале фотографии како доказ за она што се случило.
Даути бара ловните друштва и институциите најитно да преземат мерки.
