Денеска почнува исплатата на социјална помош и други надоместоци

Објавено: 2 јуни, 2020, во 09:35 часот

isplatasocijalnipomosti fin

2.06. 2020

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека од денеска, па во наредните три дена се исплаќаат правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година:

Гарантиран детски додаток
Детски додаток
Посебен додаток за месец 06/2020
ЕПП за новороденче
Родителски додаток за трето дете
Родителски додаток за четврто дете
Единствен родителски додаток
Образовен додаток – Студирање
Гарантирана минимална помош ГМП
Туѓа нега
Постојана парична помош
Еднократна парична помош
Мобилност и слепило
Цивилна инвалиднина
Социјално домување
Социјална сигурност- социјална пензија
Азиланти домување
Парична помош за згрижувач
Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 2 јуни (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 јуни (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 јуни (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 2 јуни.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.