На патот Богданци-Гевгелија во камион откриени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан, возачот приведен

Објавено: 8 јули, 2020, во 08:16 часот

migranti fin

8.07.2020

Синоќа пред полноќ припадниците на Регионалниот центар за гранични работи Југ од Гевгелија во камион со полуприколка откри 211 мигранти. Биле превезувани во тешко моторно возило марка ДАВ со скопски регистарски таблици додека полуприколката со струмички, управувано од 27 годишно лице од Скопје, објави Дрнка.мк.

Мигрантите биле откриени на патниот правец Богданци Гевгелија кај раскрасницата што води кон населеното место Богородица скриени во полуприколката. 159 до нив биле од Бангладеш а 52 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

migrantikamion fin

Возачот на камионот бил лишен од слобода. Станува збор за лице со иницијали Е. П. кој бил фатен на лице место.

Според првичните информации регистарските ознаки на камионот со полуприколката биле со крадени и не припаѓале на возилото. Возчаот е приведен во полицијата а мигрантите префрелени во транзитниот центар.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.