Ковид 19 затвори уште една конфекција во Штип

Објавено: 13 јули, 2020, во 08:33 часот

stipkonfekcija fin

13.07.2020

Два потврдени случаи на Ковид 19 и уште неколку работници со симптоми се регистирани во уште една штипска текстилна компанија, поради што сопственикот одлучил привремено да го прекине приизводството.

Во меѓувреме, сите вработени ќе бидат тестирани. Станува збор за капацитет со стотина вработени.

Ова е десета конфекција во Штип, со појава на корона вирусот, поради што ќе се врши скрининг на сите вработени.

Во Штип заразата не стивнува. Вчера беа регистрирани нови 14 случаи на Ковид 19, а во моментов има 172 активни случаи.

Во Клиничката болница има 53 пациенти, хоспитализирани на проширеното Инфективно одделение.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.