Денес и утре до +40, в недела освежување 

Објавено: 30 јули, 2020, во 08:12 часот

zesko fin

30.07.2020

Под влијание на многу топла воздушна маса времето денеска и утре ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури, според УХМР, насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

В сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.

В недела се очекува максимална температура за пет-шест степени пониска од денешната.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.