Време: Последниот августовски ден го испраќаме со +39, од утре опаѓање на температурите

Објавено: 31 август, 2020, во 08:14 часот

temperatura fin

31.08.2020
Претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец ќе биде, според прогнозата на УХМР, времето денеска.

Максималната температура до 39 степени. УВ=8.

Од утре, 1 септември, ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневната температура постепено ќе опаѓа од утре и во наредните денови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.