Мијалков има симптоми и ќе се тестира за ковид по позитивниот резултат на сопругата
Објавено: 14 октомври, 2020, во 09:07 часот
14.10.2020
Денешното судско рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ се одложи затоа што обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, има симптоми и денеска ќе се тестира за ковид-19.
Неговиот адвокат Љупчо Шврговски во судницата утрово соопшти дека сопругата на Мијалков имала позитивен резултат на тестот, по што и Мијалков денеска ќе прави тест.
Според информациите што беа споделени во судница, кај ексдиректорот на УБК вчера се појавиле симптомиј – покачена температура и сува кашлица.
Денеска во судницата за „Таргет-Тврдина“ требаше да се изведуваат материјални докази, а беше најавено и сведочење на министерот за правда, Бојан Маричиќ.
