Сончево и тивко со магливо утро долж повардарие
Објавено: 11 ноември, 2020, во 08:20 часот
11.11.2020
Во утринските часови по котлините вдолж Повардарието ќе биде магливо, а околу пладне и рано попладне маглата ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 9 до 18 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од еден степен над нулата во утринските часови до максимални дневни 13 степени целзиусови.
Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.


