Градоналникот на Прилеп ќе волонтира во Прилепската болница: Сега сум најпотребен како доктор
Објавено: 11 ноември, 2020, во 08:52 часот
11.11.2020
Последните неколку дена апелите што ги упатија од Комисијата за заразни болести, министерството за здравство, Владата, вроди со плод. Многу малку граѓани се движат во вечерните часови, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој додаде дека сериозата во општината е сериозна и загрижувачка.
–Скори сите носат маски што не беше случај порано. Ако овие мерки се почитуваат ќе имаме резултат. Инаку голем дел од граѓаните го посакуваат карантинот. Но мислам дека со доследно почитување на мерките ќе завршиме работа, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој додаде дека сериозата во општината е сериозна и загрижувачка.
-Имаме голем број на заразени, но непочитувањето на препораките, олабавувањето на граѓаните доведе до таа ситуација. Само последните денови имаме 377 нови заразени. За жал овој тренд не стивнува. Во овој момент имаме доволен број на болнички кревети. Сигурен сум дека ова ќе потрае и во иднина ќе ни требаат уште педесетина, изјави утринава во Утрински брифинг Јовановски.
Тој додаде дека како доктор се понудил од утре да волонтира во прилепската болница.
Превземено од „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“
