Маричиќ: Треба да сме оптимисти до крај за отворање на преговорите
Објавено: 1 декември, 2020, во 12:29 часот
01.12.2020
Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека треба да бидеме оптимисти до крај во врска можноста за отворање на преговорите со ЕУ во декември зашто е во наш интерес. Црвените линии, како што потенцира Маричиќ на гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, не смеат да се преминат и верува во македонскиот тим дека ќе дадат максимум да се отворат преговорите без да се загрозат интересите и идентитетот.
„Треба да сме оптимисти до крај и да се надеваме и да работиме“, рече министерот Маричиќ.

„Ние билдаме патриотизам цело време но не национализам. Како Влада имаме јасна патриотска позиција дека е во врвен интерес на нашите граѓаните, на нашиот народ и нашата земја да ги почне преговорите со ЕУ што поскоро, ние сме за жал заглавени повеќе децении во овој процес а многу држави околу нас станаа членки дури и поранешна Југославија со кој сме имале исти систем станаа членки на ЕУ и мислам дека С. Македонија заслужува да ги почне преговорите и вреди да се бориме за тоа“, рече Маричиќ.
Мите Јаначков

