На Попова Шапка,од Маврово кон Дебар паѓа слаб снег
Објавено: 9 декември, 2020, во 18:05 часот
9.12.2020
Слаб дожд врне низ целата држава, а на Попова Шапка и на патниот правец од Маврово кон Дебар паѓа слаб снег што не се задржува на коловозот, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.



