Протести на тутунарите: Плетвар денес под 6 часовна блокада
Објавено на 17 декември, 2020 во 09:48
17.12.2020
Откако вчера 2 часа го блокираа патот Прилеп-Градско кај месноста Заполшки мост, тутунарите за денес најавија нова подолга блокада.
За денес најавена е шестчасовна блокада на планинскиот превој Плетвар, од 10 до 16 часот, каде одново се очекува големо присуство на производителите на тутун од Прилеп и регионот.
Тутунарите најавуваат дека нема да прекинат со протестите, се додека не го добијат она што го заслужуваат – реална проценка на нивниот труд и мака.
Мите Јаначков