АМСМ: Прекини на сообраќајот и намалена видливост
18.12.2020
Од АМСМ известуваат дека од 10:15 часот на патниот правец Прилеп-Градско, поради протест во близина на с. Плетвар на м.в. Заполшки мост, сообраќајот е во прекин во двата правци.
“Виадукт Трејд” известува дека на 18.12.2020 година, во период од 10:00 – 13:00 ч. ќе важи времена измена на режимот на сообраќај во временски период од еден ден, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње.
Намалена е видливоста поради појава на магла до 50м. има на планинскиот премин Ѓавато.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Мите Јаначков