Прилепчанката по која се трагаше, утрово пронајдена мртва во водите на прилепското вештачко езеро
19.12.2020
Изутринава е пронајдено безживотното тело на 50. годишната Прилепчанка која се водеше за исчезната, откако на 16. декември околу 23 часот го напуштила својот дом.
Апелот за пронаоѓање на прилепчанката се ширеше по социјалните мрежи, но залудно.
Последен пат беше пријавено дека жената е видена во Кавадарци, поточно во кавадаречката црква каде според изјави на очевидци, таа купувала свеќи од црквата.
Бидејќи потрагата беше активна, Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба, посочи дека биле подготвени да нуркаат во езерото за да видат што евентуално се случило и дали ќе ја пронајдат.
За денес беше предвидено да се бара во водите на езерото, но телото испливало на површина, најверојатно станува збор за самоубиство, но истото дополнително ќе се утврдува.
Мите Јаначков