Паричката се падна кај премиерот – ќе има среќна и бериќетна година
Објавено на 7 јануари, 2021 во 08:55
7.01.2021
Паричката за бадниковата вечер се падна кај премиерот Зоран Заев.
Оваа вест прво ја сподели неговата ќерка Александра Заева која објави фотографија на Инстаграм. Пота Заев на својот Фејсбук ја сподели среќата со сите граѓани посакувајќи им мир и топлина за празниците.
-Ја споделувам оваа среќа со секој наш граѓанин, нека ни донесе надеж и верба во подобро утре. Бадник и Божик нека донесат мир и топлина во секое срце и во сечив дом.За многу години!, напиша Заев.
Според верувањата паричката носи среќа и бериќет во текот на целата година.