Времето денеска претежно облачно и студено

Објавено на 14 јануари, 2021 во 10:17

vremetodeneska fin

14.01.2021

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец.

Од утре ќе преовладува претежно суво и многу студено време, особено за време на викендот и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе се задржат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а за време на викендот вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота на места ќе провејува снег.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.