Завршува зимскиот распуст, од утре започнува второ полугодие од учебната 2021/21

Објавено на 20 јануари, 2021 во 11:07

onlajn fin

20.01.2021

Денеска е последниот ден од зимскиот распуст за основците и средношколците. Тие од утре продолжуваат со онлајн настава, а помалите и во училишните клупи. Официјално започнува второто полугодие од учебната 2020/21 година.

Во сите основни и средни училишта, првото полугодие од учебната година започна еден месец подоцна, односно на први октомври и бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

Денеска е последниот ден од зимскиот распуст за основците и за средношколците кои од утре продолжуваат ќе се вратат на настава, пред ИТ-уредите или во училишните клупи, со второто полугодие од учебната 2020/21 година.
Денеска е и последен ден за праќање на коментари, предлози за Нацрт-концепцијата за основото образование, по електорска пошта до МОН.

– „Министерство за образование и наука и работната група што ја направи концепцијата, ќе ги земе предвид конструктивните коментари и во наредниот период ќе треба заеднички да ја донесеме новата концепција и да почнеме во наредната училишна година“, изјави министерката Царовска.

Таа денеска ќе има средба со директорите на основните училиштата во врска со нацрт-концепцијата.

#МинистерствоЗаОбразование #ВтороПолугодие #Учебна2021/21 #ОнлајнНастава #УчилишниКлупи 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.