Водостојот на Преспанското езеро за 28 сантиметри над апсолутниот минимум
Објавено: 8 февруари, 2021, во 10:23 часот
08.02.2021
Нивоата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за февруари, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Двојно зголемени се Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово, додека Дрим кај Ложани е речиси двојно намален.
Состојбата на езерата е без значителни промени. Водостојот на Преспанското езеро за 28 сантиметри го надминува апсолутниот минимум.



