МВР: Направени се 425 прекршоци за не носење маска
Објавено: 10 февруари, 2021, во 11:08 часот
10.02.2021
Во последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се вкупно 425 прекршоци.
Во Велес евидентирани се 31, во Кавадарци 10 и во Неготино седум прекршоци.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од страна на Владата, со цел справувавање со коронавирусот.
Стефани Манева
